Баерн Минхен сака да купи еден од најдобрите голмани во светот

Поранешниот германски шампион Баерн Минхен планира да ангажира замена за легендарниот голман Мануел Ноер на крајот на сезоната.

Германските медиуми пишуваат дека бундеслигашот е подготвен да испрати понуда за чуварот на мрежата на Ливерпул, Алисон Бекер.

Алисон има договор со „црвените“ до 2027 година, но подготвен е за нов предизвик во кариерата, па сигурно би ја разгледал понудата ако стигне од Минхен.

Ноер за Баерн Минхен брани од 2011 година, каде што стигна од Шалке.