Баерн ја запиша и шестата победа по ред во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Во првиот меч од 18. коло во германската Бундеслига, Баерн Минхен го совлада Хофенхајм во гости со 3-1.

Баерн од почетокот на натпреварот доминираше, иако не можеше да смета на услугите на Арјен Робен, ниту на Франк Рибери, па во 34. минута Горецка погоди за 1-0, а во финишот зголеми и на 2-0.

Хофенхајм се враќа во игра во 54. минута, откако левиот бек Шулц постигна убав погодок за намалување на 1-2.

Домаќините се надеваа на бод, но Баерн Минхен ги реши сите дилеми во 87. минута по голот на Роберт Левандовски.

Баерн во моментов има 39 бодови, односно три помалку од лидерот Борусија Дортмунд, кој има и натпревар помалку.