Баерн добива големо засилување: Кејн ќе заигра против Лајпциг!?

Тренерот на Баерн Минхен, Винсен Компани објави дека Хари Кејн се вратил на тренинг и ќе биде во конкуренција за мечот против Лајпциг во Бундеслигата.

Кејн се повреди на 30 ноември во мечот против Борусија Дортмунд, но по пауза од три недели повторно се враќа на теренот.

„Нема да ви откријам дали ќе почне од првата минута, но ќе биде во составот за мечот против Лајпциг“, кажа Компани.