Азар го бакна грбот на Реал, па навивачите на Челси – ептен се разочараа

Белгиската суперѕвезда Еден Азар вчера пред 50.000 навивачи на Реал Мадрид беше спектакуларно промовиран за нов член на најтрофејниот европски клуб, откако пред неколку дена за 100 милиони евра направи трансфер од лондонски Челси на „Сантјаго Бернабеу“.

Азар во Лондон беше најомилениот фудбалер, од 2013 година е дел од лондонските „сини“, освои два трофеи во Лига Европа, но со еден потег на „Бернабеу“ ги разочара сите. Азар го бакна грбот на „кралскиот клуб“, а тоа ич не им се допадна на лондонските навивачи.

Иако сите се свесни дека Азар од поодамна го сонувал дресот на Реал, воопшто не им било убаво да ја гледаат промоцијата и моментот кога пред илјадниците навивачи на мадриѓаните го бакнува грбот на Реал.

„Уф, ова болеше“, напиша еден навивач на Челси.

„Боли, многу боли ова“, додава втор.

„Иако никогаш не криеше дека го сака Реал Мадрид, ова е тешко за гледање, а богами и болно“, потенцира трет..

„Јас ова не можам да го гледам, многу е болно“, пишува четврти навивач.

Некои од навивачите, како што објавија по социјалните мрежи дури и плачеле кога ги виделе снимките.

„Ова така ме заболе, што дури и заплакав“, пишува навивач.