Австриски фудбалер има подобро градено тело дури и од – Роналдо!
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за еден од најподготвените со само седум -отсто масти во телото, но тоа е речиси двојно повеќе во однос на Данилиук, кому му се измерени само 4,3-отсто масти во целото тело. Колку за илустрација, како професионалните фудбалери овој просек изнесува околу 10-отсто.
„Тој е одличен. Добар е, млад и неговото тело брзо согорува масти. Напорно вежба со тегови, а ги цени и тренинзите за брзина и сила. Ми се допаѓаат неговите мускули“, изјави познатиот германски бодибилдер, Ралф Молер.
Флавиус има настапувано за младите категории на Реал Мадрид и Баерн Минхен, а во 2018 година беше сместен меѓу 60. најголеми таленти во светскиот фудбал. Тој пред две години потпиша за Ница, а неговата вредност во моментов изнесува седум милиони евра. За него зимава заинтересиран беше Вест Хем.