Аталанта го прегази Торино, но сите зборуваат за голот на Иличиќ - од половина терен (ВИДЕО)

Фубалерите на Аталанта славеа на гостувањето кај Торино со 7-0 во рамки на 21. коло во Серија А. 

Одличен меч одигра Јосип Иличиќ кој постигна хет-трик на овој меч, но посебен беше четвртиот кој го постигна од половина терен. Во листата на стралците се запишаа и Госенс, Дуван Запата, како и два пати Муриел.

Со оваа победа Аталанта останува на петтата позиција на табелата со 38 бода, исто колку што има и четвртопласираната Рома, додека за Торино ова е втор пораз во низа и моментно е десетти.