Артета со зависник од обложување ќе го засилува нападот!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета не задоволен како функционира офанзивата на тимот и покрај тоа што има солидни играчи во нападот, во јануари ќе оди на шопинг.

Изборот паднал на Ајван Тони за кого Брентфорд бара 60 милиони фунти. Сума која е прифатлива за Арсенал.

Тони се врати на тренинзите на Брентфорд, но на натпреварите ќе се врати дури на 17. јануари кога му истекува суспензијата поради обложување.

27-годишниот напаѓач важи за стравствен обложувач на фудбалски натпревари иако тоа е строго забрането за играчите. Тој доби осум месечна суспензија откако беше фатен дека се обложува.