Арсенал продолжува со очајните игри: Вулверхемптон победнички во Лондон (ВИДЕО)

Вулверхемптон успеа да го победи Арсенал со 2-1 на „Емирати“ во Лондон во рамки на 10.коло во Премиерлигата. 

Сите голови беа постигнати во првото полувреме во кое се случи и еден немил инцидент. Давид Луиз и Раул Хименез се судрија глава со глава, по што Мексиканецот го извлече подебелиот крај. Голгетерот на Вулфс мораше да биде изнесен на носилки и беше испратен во болница, додека Луиз го продолжи натпреварот.

Педро Нето го постигна водечкиот гол за гостите во 27-та минута, а само три минути подоцна дефанзивецот Габриел израмни на 1-1. Даниел Поденсе во финишот на првиот дел погоди за победа од 1-2. 

За Арсенал ова е четврти пораз на последните шест натпревари, а има и една победа и едно реми. „Топчиите“ сега се на 14.место на табелата со 13 бодови, додека Вулверхемптон е шести со 17 бодови.