Арсенал најде замена за Жесус во француската лига

Бразилскиот фудбалер Габриел Жесус се повреди и ќе паузира до крајот на сезоната, а поради тоа Арсенал веднаш тргна во потрага по негова замена.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета не сакаше да губи време и затоа решил да го ангажира напаѓачот на Олимпик Марсеј, Ели Ваи.

Ваи минатото лето го засили Марсеј од Ланс за 25 милиони евра, а наводно сега ќе се пресели на позајмица во Лондон со опција Арсенал да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.