Арсенал конечно го „скрши“ малерот - прв триумф по четири нерешени средби! (ВИДЕО)

Арсенал беше подобар од Њукасл со 4-0 на „Емирати“ во средбата од 26. коло во Премиерлигата, па така ја прекина серијата од четири нерешени резултати.

„Топчиите“ одиграа добро прво полувреме, но не успеаа да ја затресат мрежата на Њукасл, сепак во 54. минута Обамејанг стрелаше за 1-0.

Њукасл не успеа ниту да се соземе, а само три минути подоцна Пепе зголеми на 2-0 за Арсенал. На крајот Озил и Лаказет успеаа да ги постават конечните 4-0.

Лондонскиот гигант по 26 одиграни меча се наоѓа на 10. позиција со 34 бодови.