Англија ќе ги укине ФА-Купот и Карабао-купот за идната сезона?!

Англија планира да ги „жртвува“ двата купа за следната сезона 2020/21, ФА-Купот и Карабао-купот, ако пролонгирањето на сезоната која е во прекин поради пандемијата со коронавирус, го направат речиси неизводлив и невозможен календарот за следниот шампионат во Премиерлиата, објавија островски медиуми.

Наводно, според информациите, раководството на Премиерлигата ќе разговара за оваа идеја, ако пролонгираната сезона сериозно навлезе во новата, зашто по завршување би требало да има пауза за одмор за фудбалерите, па најмалку две недели подготовки пред да се почне со следниот шампионат и сето тоа може да донесе сериозно набиен календар во кој фудбалерите едноставно нема да може да ги издржат темпото. Посебно и што следната сезона треба да заврши порано, па за идното лето е презакажаното Евро 2020...

И токму затоа Англичаните решиле на една година да ги укинат двата купа, за да ослободат простор, пред да се врати сè во нормала од јули 2021.

Англија, како и останатите лиги од популраната „петка“ си дадоа рок на почетокот на мај да ја продолжат сезоната, ама според развојот на ситуацијата такво нешто е тешко остварливо, па полека почетокот на јуни е засега најоптимистичката опција за да се продолжи со фудбалот.