
Анчелоти: Немам намера да ја преземам целата одговорност за кризата!
Наполи вчера загуби дома од Болоња, како кулминација на резултатската криза, па столчето на Анчелоти сериозно се тресе и италијанските медиуми веќе од поодамна најавуваат негова смена до крајот на годинава. Наполитанците моментно се седми, пет бода зад последното место кое води во ЛШ.
„Фудбалерите мора да почувствуваат одговорност за оваа криза. Јас нема да ја преземам целата одговорност на себе и нема да го сторам тоа. Не сум само јас одговорен за оваа криза. Над сето ова, фудбалерите се тие што играат на теренот, а тие се што мора многу повеќе да имаат решителност кога играат за овој клуб“, рече Анчелоти.