Аморим „пресече“: Ван Нистелрој си замина од Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед од денеска има нов тренер, а тоа е Рубен Аморим кој седна на кормилото на премиерлигашот, додека од „Олд Трафорд“ си заминува Руд Ван Нистелрој кој ја претходните дуели беше привремен тренер, а претходно работеше како асистент во клубот.

Аморим наводно разговарал со Ван Нистелрој пред да пристигне во Манчестер и се договориле дека е најдобро да се разделат, а сега пристигна потврда и од познатиот новинар Фабрицио Романо.

„Црвените ѓаволи“ по 11 одиграни кола се наоѓаат на 13. место со 15 бодови во Премиерлигата.