Алжирски репрезентативец е прво летно засилување за Сити

Поранешниот англиски шампион Манчестер Сити го потврди потписот на левиот бек Рајан Аит Нури што е прв летен трансфер за тимот.

„Граѓаните“ го купија алжирскиот репрезентативец од Вулверхемптон за 31 милион фунти со тоа што сумата може да се искачи до 36 милиони, во зависност од бонусите. Аит Нури ќе има можност да дебитира веќе идната недела, на Светското клупско првенство кое се игра во САД.

Дефанзивецот дојде во Вулверхемптон од Анже во 2021 година. Се очекува наскоро Сити да го официјализира и второто засилување, Тижани Рејндерс од Милан.