Алиоски пак даде гол за Лидс, ама недоволен за бодови! (ВИДЕО)

Втор меч по ред македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски постигнува гол за Лидс за да покаже дека е во извонредна форма пред евроквалификациските мечеви за Македонија против Словенија и Полска, но денеска погодокот на популарниот Џани не беше доволен за Лидс да го преживее гостувањето кај Милвол и загуби четата на Марсело Биелса со 1-2.

Алиоски погоди по само 20 секунди од стартот на вториот дел, од непосредна близина, откако Милвол во првиот дел стигна до предност од 2-0. Лидс брзо се врати во мечот, но тешко им беше на фудбалерите на Биелса да се изборат барем за бод зашто од 14-та минута играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Берарди.

Алиоски го одигра целиот меч, за него ова е трет сезонски погодок, а првпат недоволен за Лидс да освои барем бод. Претходно даде гол со Стоук во триумфот со 3-0, а во вторникот и против ВБА за победата со 1-0. Инаку ова е десетти сезонски меч на Алиоски како е стартер во Лидс.