Алексис Санчез е пред трансфер во Интер

Манчестер јунајтед вечерва игра против Вулфс во Премиерлигата, а Алексис Санчез не е ниту на клупата за резервни играчи. 

Тоа најверојатно значи дека Чилеанецот е на пат кон Милано да го комплетира трансферот во редовите на Интер и да му се приклучи на Ромелу Лукаку.

Крилниот напаѓач треба да се пресели на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер со откупна клаузула од 15 милиони евра следното лето.