Алегри суспендиран и „удрен по џебот“!
Во завршницата од мечот меѓу Милан и Лацио имаше голема тензија по која најлошо помина Масимо Алегри кој доби црвен картон поради вербален напад на суцијата.
Поради однесувањето е суспендиран на еден натпревар, но и парично е казнет со 10.000 евра.
Казна доби и помошникот на Маурицио Сари, Марко Иани кој реагираше на однесувањето на Алегри. Тој е суспендиран за наредниот меч.