Алегри: Се враќам идната сезона, инаку ќе се навикнам на одмор и нема да ми се работи!
Алегри донесе пет титули и четири купа во Торино, но неуспехот во ЛШ беше пресуден да замине од Јувентус, а на негово место дојде Маурицио Сари и зимава беше поврзуван со неколку клубови, но реши да одмори сезонава пред повторно да се врати на клупата на некој клуб.
Од поодамна тој се поврзува со клупата на ПСЖ, но и на Манчестер јунајтед и многумина веруваат дека еден од токму овие два клуба се негова следна дестинација, ама засега Италијанецот не открива детали освен – дека ќе се врати.
„Нема ништо со ПСЖ, ниту со Јунајтед. Би било непочитување кон другите, а посебно кон тренерите. Јас не знам каде ќе работам, ама знам дека сигурно ќе се вратам идната сезона. Зашто ако се навикнам на одмор – повеќе нема да работам. Затоа сакам да се посветам на работата, вистина е дека учам англиски јазик, најмногу за себе, зашто ако ја напуштам Италија ќе мора некако да комуницирам со фудбалерите. Сите не знаат италијански“, вели Алегри.