Алегри: Роналдо не е никаква гаранција за освојување на ЛШ

Кристијано Роналдо минатото лето го засили Јувентус за сума од 100 милиони евра, па сите помислија дека „Старата дама“ конечно ќе го скрши проклетството и ќе дојде до трофејот во Лигата на шампиони. 

Иако беа сместени помеѓу најголемите фаворити, Италијанците испаднаа во четвртфиналето од екипата на Ајакс. Тренерот Масимилијано Алегри вели дека трансферот на Роналдо не бил сигурна гаранција за освојување на престижниот трофеј, кој торинскиот тим го нема во своите витрини уште од 1996 година.

„Секогаш велев дека со потпишувањето на Роналдо не ни следат и математички гаранции дека ќе го освоиме трофејот во Лигата на шампиони. Фудбалот не е чиста наука. Тоа што се пишуваше за Роналдо потврдува дека неговото доаѓање не ни гарантираше Лига на шампиони. Погледнете ја Барселона, се врати во полуфиналето во ЛШ по пауза од четири сезони, а тие го имаат Меси во составот. Има многу компоненти во фудбалот. Ако само ја освоиме лигата и тоа ни гарантира дека сме имале успешна сезона“, вели Алегри.