Алегри откри: Роналдо е разочаран, но сака да ја освои „Златната топка“ со Јуве!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, порача дека Кристијано Роналдо има мотив да ја освои „Златната топка“ во дресот на Јувентус.

Синоќа Лука Модриќ ја освои престижната награда, а Алегри кажа дека, според него, неа ја заслужил Роналдо.

„Тоа е разочарување, зашто Роналдо очигледно заслужи да ја освои наградата поради тоа што го направи со Реал Мадрид. Со Португалија на Мундијалот не можеше да стигне подалеку за жал. Негова наредна мотивација е да ја освои ‘Златната топка’ во дресот на Јуве“, порача Алегри.

Инаку, Португалецот во текот на кариерата ја освои пет пати наградата.