Алегри може да бира - три клуба од Серија А заинтересирани за него

Трофејниот италијански стручњак Масимилијано Алегри е без работа откако лани ја прекина соработката со Јувентус, но тоа би можело да се смени во текот на летото.

Медиумите на Апенинскиот полуостров тврдат дека во моментов за него се интересираат три клуба од Серија А, кој од кој пославен. Одамна се знае дека Рома сака да го види како замена за Клаудио Раниери кој најави пензионирање, но во трката е уште Милан и, изненадувачки, Интер во случај Симоне Инзаги да посака да си замине.

Приказната за Интер ја води Марота кој во Јувентус соработуваше со Алегри и заедно имаа многу успеси. Интересно е тоа што Алегри е во најтесна конкуренција и за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, во случај Аморим да биде сменет на крајот од сезонава.