Ал-Хилал на пенали го елиминира Видад и закажа дуел со Фламенго (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал-Хилал се пласираа во полуфинале на Светското клупско првенство, откако вечерва беа подобри од Видад по изведување на пенали.

Во првото полувреме доминираше екипата на Видад, меѓутоа мрежите останаа да мируваат, по што првиот гол паднаво 52. минута, кога Ел Амлуд стрелаше за водство од 1-0 на тимот од Мароко.

Голот на Видад како да го разбуди Ал-Хилал кој нападна со сите сили во продолжение од средбата и дури во 94. минута постигна гол за 1-1 преку Кано.

Во продолженијата немаше промена на резултатот, па победникот се решаваше на пенали, каде што несреќник беше Атијат Алах од редовите на Видад.