Ако ги мине прегледите: „Нашиот“ Кулушевски денеска и официјално ќе стане соиграч со Роналдо! (ФОТО)
Тој во моментов настапува во дресот на Парма и тоа како позајмен фудбалер од Аталанта, која за него ќе заработи фантастични 35 милиони евра. Кулушевски до пред два месеци имаше можност да прифати да игра за македонската репрезентација, за која настапуваше во младинските категории, но тогаш дефинитивно ја одбра Шведска. Новиот соиграч на Кристијано Роналдо веќе настапи за сениорскиот национален тим на Скандинавците, што значи дека дефинитивно е загубен за Македонија.
Кулушевски воедно ќе стане вториот најскап фудбалер роден во новиот милениум (2000 година и потоа), зад Виницус од Реал Мадрид, за кого беа платени 42 милиони евра.