Ајнтрахт растури Вердер среде Бремен за да се врати во игра и за Европа (ВИДЕО)

Ланскиот полуфиналист во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт вечерва го освои Бремен во пресметката со давеникот Вердер, триумфирајќи со 2-0, со што избегаа барем на момент во посигурната зона за опстанокот

Вердер на пет кола до крајот останува заглавен како претпоследен со 25 бода, три помалку од опасната зона, за разлика од Ајнтрахт, кој со победата стигна до 35 бода и веќе има осум пред „последниот давеник“ Фортуна Диселдорф, што значи дека се близу да се спасат, иако поради лошите резултати беа многу близу до самото дно, иако тимот има неспорен квалитет.

Еден час траеше битката на двата тима, пред Андре Силва во 61-та минута да ја најави победата на Ајнтрахт, а потоа Стефан Илсанкер со два гола да донесе и убедлив триумф

Ајнтрахт сега колку што е над зоната за опстанок, толку е и под местата за Европа, со седум заостаток зад Влфсбург и со реални шанси при добра серија дури и да успеат да се изборат за ново место во Европа, кое поради лошите резултати делуваше многу далечна по рестартот на сезоната.