
Зошто ѝ е поништен гол на Брегалница во Струга? (ВИДЕО)
Денеска актуелниот шампион ја победи Брегалница со 2-1, со гол на Компаоре во судиското продолжение, а веднаш потоа на гостите им беше поништен апсолутно регуларен погодок.
Веднаш по изведувањето од центар, штипјани ја затресоа противничката мрежа, јасно е дека не постои офсајд позиција, но помошниот судија сигнализираше такво нешто, а главниот арбитар прифати и трите бода останаа во Струга.