Во Ѓорче стартува деветтото коло во ПМФЛ: Дербито е на Арената, Шкендија гостува во Битола

Со денешниот натпревар во Ѓорче помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Арсими ќе стартува деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Од стартот на сезоната двете екипи играат во променлива форма, а се наоѓаат и една до друга на првенствената табела. Македонија Ѓорче Петров со три победи и пет порази се наоѓа на седмата позиција, додека Арсими е зад нив со две победи, две реми и четири порази.

Овој дуел е и единствен денеска, а се игра во терминот од 15:00 часот.

Останатите средби се закажани за до понеделник, а дербито на колото се игра в недела на Арената „Тодор Проески“ каде што Вардар и Струга ќе водат битка за првото место. Струга е лидер со 22 бода, Вардар има два бода помалку.

Колото се затвора со уште еден интересен натпревар во Битола каде што под рефлектори од 18:00 часот силите ќе ги одмерат Пелистер и Шкендија.

ДЕВЕТТО КОЛО ВО ПМФЛ:

Сабота

15:00 Шкупи – Работнички

Брера – Башкими

Недела

15:00 Вардар – Струга Трим Лум

Силекс – Тиквеш

Понеделеник

18:00 Пелистер – Шкендија