Внукот на легендарниот Истатов постигна погодок за паметење за Осогово (ВИДЕО)

Внукот на легендата на македонскиот фудбал, Благој Истатов, кој го носи и истото име како некогаш фантастичниот голман, е во центарот на вниманието на спортската јавност во државата, откако се појави видео од фантастичниот погодок што го постигна за Осогово во дербито од Втората лига – Исток против Каменица Саса (1-1).

Младиот напаѓач со фантастичен удар откосо го изненади противничкиот голман и тоа што можеби беше центаршут донесе огромна радост како кај Истатов така и кај неговите соиграчи. Тоа беше изедначувачки погодок во второто полувреме, откако гостите поведоа во првите 45 минути.