Велешките навивачи задутре на протест: Нема да дозволиме четири гласа за смрт на Борец!

Велешките навивачи Гемиџии закажаа мирен протест задутре од 16 часот за поддршка на Кочо Анѓушев, газда на Борец, кој најави заминување од клубот ако не се поништи Собранието на Општинскиот сојуз, кое го нарече фарса со сценарио за лични интереси.

 

Гемиџии, како и фудбалерите на Борец деновиве веќе упатија полна поддршка за Анѓушев и застанаа зад бившиот вицепремиер и сопственик на компанијата „Брако“, која во своја сопственост го има велешкиот клуб.

Анѓушев побара поништување на Собранието зашто меѓу четирите делегати делегирани од ОФС Велес нема ни еден претставник од Борец, па го посочи Лазар Ракиџиев, претседателот на ОФС Велес и потпретседател на ФФМ дека за лични интереси и фотелја го организирал ова изборно Собрание, кое доаѓа во пресрет на изборното Собрание на ФФМ. Сето тоа, наведе неодамна во интервју Анѓушев, е за актуелниот прв човек на македонскиот фудбал Муамед Сејдини да ги добие гласовите од Велес за нов мандат, а Ракиџиев да остане потпретседател.

Петок 22.01.2021 ПРОТЕСТ !!!!!! Протестот ќе се одржи пред Театарот Ј.Х.К. Џинот од 16:00-18:00 часот. Ве повикуваме...

Posted by Гемиџии Велес on Wednesday, January 20, 2021

„Застануваме во одбрана и подршка на клубот безвратна. Крајно време е да се змислиме како нација граѓани, пред се луѓе што сакаме и во што веруваме. Упатуваме апел до раководството на Општински фудбалски сојуз да ги преиспитаат одлуките на последното годишно собрние и во најбрз можен рок да донесете спортска одлука во интерес на градот, во интерес на велешани и во интерес на Борец. Борец да го продолжи патот по кој оди и да ги совлада сите предизвици со наша безрезеевна поддршка и помош. На велешани им ја искажуваме нашата подршка. Нашата подршка е на страната на клубот, ние не напаѓаме никого, едноставно браниме. Браниме оставштина од нашите предци и аманет за идните поколенија. Во меѓувреме најавуваме протести во име на светото име Борец, единствената светла точка во градот и нема да дозволиме четири гласа за смрт на Борец, да ја згаснат нашата ѕвезда водилка. Го повикуваме секој гледач симпатизер навивач на мирен протест да изразиме подршка за клубот. Протестот ќе биде по сите препораки од владата со носење на заштитна маска и растојание и ќе се одвива во временски интервал од 16 до 18 часот пред театарот“, велат Гемиџии.

Завчера, пак, првиот човек на ОФС Велес, Ракиџиев посочи дека нема намера да го поништи веќе одржаното Собрание, бидејќи веќе одржаното е легитимно, со образложение дека „требало сам да се негира и да се откаже од сето тоа досега што сработел“.