Вардар загуби од Борец во контролен меч во својот тренинг-камп
Најтрофејниот македонски клуб се пресмета со прволигашот Борец, но немаше сила за нивниот ривал, па прими по еден гол во првото и второто полувреме за пораз од 0-2.
Вардар се наоѓа на петтата позиција во Втората лига – Запад по шест одиграни меча со осум бодови, додека Борец е на 10. позиција во Првата лига со седум бода.
ФОТО: Вардар