Вардар реагира на незавршен меч: Судиите не гледаат, а велат дека имало гол! (ФОТО)

Денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари се игра големото дерби во македонската Прва лига помеѓу Вардар и Шкендија, а гостите од Тетово стигнаа до водство во финишот на првото полувреме.

Снимките кои се појавија од моментот покажуваат дека топката со цел обем не ја помина гол-линијата на голманот на Вардар, Филип Гачевски, но и покрај тоа судијата покажа дека тоа е гол.

Сепак, веднаш следуваше реакција од Вардар на социјалните мрежи за спорниот гол од денешниот дуел.

„Сомнителниот гол на Шкендија во дуелот со Вардар. Погледнете како едниот судија (дополнителниот асистент зад гол-линијата) не гледа во голот, а другиот, пак, прв помошник го нема на местото, каде што треба да биде. Го нема ниту главниот судија на местото на настанот. Кој ја донесе одлуката дека голот е регуларен?“, прашуваат од Вардар.