Шкендија поведе со фантомски гол, вардарци збеснаа (ФОТО)

Денеска се игра големото македонско дерби помеѓу Вардар и Шкендија на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а во финишот на првото полувреме до водство стигна екипата од Тетово со 0-1.

Сепак, голот предизвика жестоки реакции од страна на вардаровите играчи, кои не можеа да прифатат дека топката ја поминала гол-линијата, а голманот Филип Гачевски реагираше бурно и дури пет минути не можеше да прифати дека беше признаен голот бидејќи очигледно топката не влезе со целиот обем зад гол-линијата.

Во продолжение следува фотографија од тоа како изгледаше моментот, а дали е погодок или не, ние оставаме на вас самите да процените.