Вардар се засили со хрватски стопер, потпиша со Мислав Матиќ
Станува збор за фудбалер кој доаѓа од екипата Широки Брег. Во кариерата настапувал за Рудеш, Шибеник, Локомотива Загреб и Минај од Украина.
Матиќ е фудбалер кој е висок 1,95 метри и донесен е да ја зацврсти одбраната на Вардар која во првиот дел од сезоната беше исклучително ранлива.