Вардар се засили и на левата бековски позиција, потпиша со Маневски!

Вардар промовира трето засилување во одбраната, овојпат за црвено-црните потпиша Михаил Маневски кој пристигнува од тимот на Тиквеш.

25-годишниот лев бек покрај Тиквеш досега има настапувано и во екипите на Брегалница, Шкендија, Силекс и Гостивар. Тој во ПМФЛ има 114 настапи.

Маневски бил дел од сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија.

Тој е трето засилување во одбраната на Вардар оваа сезона, претходно црвено-црните потпишаа со десниот бек Георгије Јанкулов и централниот дефанзивец Михал Пинтер.