Вардар ја освои Струмица: Максимов и Стојков им пресудија на „пандевци“

Македонскиот шампион Вардар ја освои Струмица за да се врати на негативата од 11 бода во однос на есенскиот првак Шкендија, по денешата победа на скопските црвено-црни во Струмица со 2-0 против Академија Пандев. Вардар има два меча помалку од Шкендија, па ако победи се до крајот би имал во најмала рака пет бода негатива на зимската пауза.

Руското засилување Максим Максимов и вечниот „резервист“ Ацо Стојков денеска ја донесоа победата на стадионот „Младост“, каде вардарци успеаа да реализираат две од седумте шанси. Домашниот голман Никола Вујанац беше последната пречка за убедлива победа и порано завршена работа на вардарци, откако успеа да одбрани четири чисти зицери на скопјани

Рускиот напаѓач го постигна единствениот гол во судиското продолжение од првиот дел и тој погодок ја отвори вратата кон победата, а Стојков на две минути пред крајот само го запечати триумфот на „Младост“.

Силекс со пресврт во второто полувреме го победи Работнички со 2-1 за да се искачи на третото место на табелата, додека Пелистер прокоцка два гола предност и Шкупи со бод се враќа од Битола, продлабочувајќи им ја на битолчани кризата која допрва се очекува да се разгорува по најавата за заминување на акционерите што ветуваа европски клуб. Победа со голот на Благоја Гешоски ја освои Железарница и го остави Скопје закован на дното.

РЕЗУЛТАТИ, 17 КОЛО

Академија Пандев – Вардар 0-2 (0-1)

Максимов 45, Стојков 88

Пелистер – Шкупи 2-2 (2-0)

Маркоски 28, Лукас 38 – Љамчевски 80 аг., Сухејљ

Скопје – Победа 0-1 (0-1)

Гешоски 9 п.

Силекс – Работнички 2-1 (0-1)

Ѓорѓевиќ 47, Стојчевски 63 - Стјепановиќ 7

ВЧЕРА

Ренова – Шкендија 1-6 (0-3)

Мишковски 47 - Ибраими 3, 33, Хасани 28, 89, Жуниор 48, Шефити 81

ТАБЕЛА

Шкендија 43 бода, Вардар 32 (-2), А. Пандев 25 (-1), Силекс 28, Работнички 20 (-1), Шкупи 20, Победа 18, Ренова 17, Пелистер 16, Скопје 10.