Ване Јованов од Академија Пандев го засили Вардар

После двајцата повратници во најтрофејниот македонски клуб Вардар, Филип Гачевски и Дарко Мицевски, црвено-црните донесоа уште едно засилување во овој зимски преоден рок и тоа Ване Јованов од Академија Пандев.

Вардарци се засилуваат на десната бековска позиција со аквицизија на младиот Јованов и станува збор за фудбалер кој ги мина сите младински селекции на македонската репрезентација, а ќе му биде коннкуренција на Никола Ристески на таа позиција.

Вардар во изминатата недела тргна со подготовките за новата сезона и во Анталија следи главната фаза од подготовките каде треба тимот да се воигра, пред стартот на пролетниот дел во кој ќе се води жестока битка со Воска Спорт за второто место и пласман во баражот за Прва лига, зашто Силекс е предалеку на првото место кое директно нови враќање во најсилната конкуренција.