Тиквеш работи со полна пареа: Се засили со уште двајца Бразилци

Eкипата на Тиквеш работи со полна пареа во подготовките за новата сезона, но и за европските квалификации во Конференциската лига.

Во текот на вчерашниот ден беше претставен Бразилецот, Витор Алберто, а денес се промовирани уште две засилувања од Бразил.

Нови членови на освојувачот на Купот на Македонија се Леонардо Гуера и Георге Араухо.

Тиквеш во првото квалификациско коло за Конференциската лига ќе игра против исландскиот Бредибаблик. Тие натпревари се играат кон средината на јули.