Судиска анализа: По една грешка на штета на Шкендија и Тиквеш!

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), заклучокот е дека се направени две грешки на мечот меѓу Шкендија и Тиквеш, по една на двете страни.

Според комисијата, судијата Стојанче Стојанов и неговите помошници направиле две грешки на мечот меѓу Шкендија и Тиквеш кој заврши со победа на тетовскиот тим со 1-0, прво биле оштетени гостите за офсајд, а потоа домаќините за недосуден пенал.

5 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција и спречување очигледна шанса за гол на гостинската екипа, при резултат 0:0) Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч малку странично од голот и на околу 35 метри од голот, во моментот на додавање на топката соиграчот беше пред претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа (во дозволена позиција) и излегуваше сам пред голот на домакините (во очигледна шанса за гол), првиот помошен судија сигнализираше офсајд позиција. Погрешна одлука на првиот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, бидејки играчот на гостинската екипа во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (пред претпоследниот играч од одбраната на домакините). 

41 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0) Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот го помина голманот на гостинската екипа и во моментот кога сакаше да упати удар кон празниот гол, голманот направи недозволен старт на ногата на противникот, по што играчот на домашните изгуби контрола и падна. Погрешна одлука на главниот судија што досуди симулација за пенал и жолт картон за домашниот играч, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за домашната екипа и жолт картон за голманот (поради спречување очигледна шанса за гол и недозволен старт на нога на противнички играч)

Целата судиска анализа можете да ја прочитате на овој ЛИНК.