Скопје забрани Комити на стадион!

Градската пресметка помеѓу екипите на Скопје и Вардар во рамките на петтото коло од Првата македонска фудбалска лига денеска ќе се игра без присуство на гостинските навивачи, популарните Комити.

Ваквата скандалозна одлука донесена од страна на новиот прволигаш наиде на голем револт кај групата вардарови навивачи, кои реагираа многу нервозно по социјалните мрежи што може да создаде голема тензија пред капиите на стадионот.

Вардарци навидум имаат лесна задача против фенерџијата, но тоа ќе мора да го демонстрираат на незгодниот тесен терен за да го продолжат искачувањето кон врвот и трката со Шкендија за лидерската позиција.