Сите со маски, само претседателот на ФФМ се прави јунак!? (ФОТО)

Со присуство на главниот епидемиолог во земјава д-р Жарко Караџовски, ФФМ денеска го одржува состанокот со клубовите околу рестартот на фудбалот, протоколот што веќе е изготвен, па ќе се бара решение дали и како ќе се продолжи со сезоната во прекин.

Клубовите и раководството на ФФМ за разлика од понеделникот кога се собраа на „пикник“ на еден од терените во тренинг-центарот „Петар Милошевски“, сега состанокот го држат во Академијата на ФФМ, а таму сите се со маски, само претседателот Муамед Сејдини глуми јунак.

Сејдини во неколку наврати ја нема покриено устата и носот и тоа пред очите на главниот епидемиолог, иако најстроги се препораките во затворена просторија да се носат маски, ама популарниот Мети неколкупати ја прекрши таа најстрога мерка, па маската му служеше само како декор на лицето.