Денеска во терминот од 13:00 часот во рамките од 16. коло, последно во првиот дел од сезоната се одиграа два натпревари во кои немаше изненадувања.

Екипата на Силекс во натпреварот во Скопје лесно се справи против  Работнички и слаавеше победа со 3-0. Работнички одигра ужасен прв дел од сезоната и се наоѓа на претпоследното место, полош е само Шкупи.

Кратовчани работата ја завршија уште во првото полувреме кога ги постигнаа трите погодоци. Мирчевски ја најави победата со два брзи гола во 10-тата и 13-тата минута, додека третиот гол кој беше дело на Додев гостите го постигнаа пред крајот на првот дел во 44. минута. На табелата Силекс сега со овие три бода е на 31 и се наоѓа на четвртата позиција зад Вардар, Струга и Шкендија.

 

Сигурна во својот натпревар беше и Брера која го совлада Шкупи на гости во Чаир со 3-1. Шкупи првиот дел од сезоната го завршува како единствен без победа и со само еден бод во 16 натпревари, Брера е прва над опасната зонна на седмата позиција со 19 и за нив денешниот триумф беше прв по пет натпревари без победа.