Силекс јавно ги покани навивачите на Вардар да дојдат во Кратово!

Силекс излезе со соопштение по повод информациите во јавноста дека ги поканиле навивачите на Вардар да присуствуваат на стадионот во Кратово, тие негираа било каков договор, но во истата објава јавно ги канат да присуствуваат на натпреварот.

Навивачката група на Вардар, Комити соопштија дека од Силекс им обезбедиле и посебен простор на трибината, по што со демант се јави кратовскиот клуб.

Тие негираат дека имале било каков договор со навивачите на Вардар, но со истото соопшение јавно ги поканија да дојдат на натпреварот.