Шкупи се засили со поранешниот капитен на младинците - Чешмеџиев!

Еден од македонските претставници во Конференциската лига, ова лето, екипата на Шкупи, продолжи активно да работи на својот тим, доведувајќи засилување во одбраната.

Нов член на Шкупи е Константин Чешмеџиев, некогашниот капитен на македонската репрезентација за фудбалери до 21 година. Стоперот доаѓа како слободен играч од Вележ од Мостар, откако минатата сезона одигра 16 меча во првенството на Босна и Херцеговина.

„Од Шкупи ме контактираа додека бев во Вележ, пред околу еден месец. Ми ги кажаа плановите и идеите на клубот и сфатив дека е сериозен проект. Клучниот фактор за да дојдам овде е шансата да играм на европската сцена исто така и фактот што тренер е Гоце Седлоски. Ќе ми биде чест да учам од тренер како него. Не размислував многу, ми се допадна што има да понуди клубот и еве ме во Скопје“, рече Чешмеџиев.

Тој потекнува од школата на Работнички, а во македонската Прва лига играше и за Пелистер, Македонија Ѓорче Петров и за Шкендија.