Шкупи не запира со засилувања: Десниот бек Филип Глигоров ново име на Чаир!

Шкупи го донесе и осмото засилување за новата сезона која ја зпаочна со реми против Шкендија во неделата (2-2), па нов фудбалер е Филип Глигоров, кој потпиша едногодишен договор и практично се враќа по три години на Чаир.

Глигоров е десен бек, кој играше за Шкупи во сезоната 2016/17, а доаѓа од албанска Влазнија, претходно беше дел од Силекс, а има настапи во Романија и куп-титула со Олимпик Сараево во БиХ.

„Се враќам во Шкупи по три години, разговарав со раководството, ми се допадна проектот и гледам дека се формира тим за титула. Посебно привлечно е тоа што ќе играм во Европа и желба е на сите да го минеме првото коло. Ќе дадам сè за да се изборам за првотимски статус, знам дека конкуренцијата е огромна, а сето тоа треба да не однесе кон титулата“, рече Глигоров на промоцијата.

Чаирчани досега ги донесоа Костариканецот Алварез, Русинот Дирбигаџиев, Азербејџанецот Јанузаде, младиот талент од Галатасарај, Гулу, потоа Илирид Адеми, Кристијан Наумовски...