Шкупи го продаде најдобриот стрелец: Дембо оди во Шахтер Солигорск

Шкупи на нивната официјална веб-страна потврди дека остана без најдобриот фудбалер Дембо Дарбо, кој потпиша за белорускиот тим Шахтер Солигорск.

Дарбо пристигна во Чаир во 2019 година и постигна 16 голови во македонската Прва лига, а сезонава беше најважен фудбалер за екипата на Чаир, на која ѝ помогна да се бори за висок пласман.

Шкупи преговараше долго време со неколку тимови, но раководството и самиот фудбалер избра да се пресели во белорускиот тим.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите за големата поддршка од првиот ден кога пристигнав во Чаир. Сакам да им се заблагодарам на  соиграчите и фановите. Му посакувам многу успех на мојот тим. Шкупи ќе остане во моето срце. Сакам да се заблагодарам на раководството и лицата од стручниот штаб кои ми помогнаа да бидам дел од ова семејство“, порача Дембо.