Шкендија минимално во Кавадарци, Вардар ја доби Брера!

Денеска на на македонскит фудбалски терени се играа преостанатите натпревари од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига по кои бодовната разлика меѓу првите две екипи на табелата остана иста. 

Екипата на Вардар освои нови важни бодови во битката за опстанок откако денеска ја совлада Брера која е последна на табелата со 0-2. Брера и Вардар одиграа натпревар со малку шанси, а на двата гола Вардар ги постигна во вториот дел.

Се играше 61. минута кога искусниот Горан Закариќ постигна убав погодок со кој донесе три бода за црвено-црните, a победата беше потврдена со погодокот na Вргов во 87. минута. За Вардар ова беше втор триумф во низа по победата над Пелистер во минатото коло и сега со 28 бода имаат само еден помалку од битолскиот состав на осмата позиција.

Лидерот Шкендија од гостувањето во Кавадарци се враќа со минимална победа од 0-1 со која успеаа да стигнат и со играч помалку. Херој беше Латифи кој на 20-тина минути пред крајот го постигна единствениот гол. 

Силекс беше пред изненадувачки пораз во Охрид против Воска Спорт, но кратовци не дозволија Шкендија да побегне на врвот на табелата. Воска имаше предност oд првото полувреме со голот на Адеми се до 85. минута кога Николиќ израмни, а Донов во 92. минута донесе важни три бода за гостите.

На останатите две средби Шкупи и Работнички одиграа реми без голови и Беса го совлада Пелистер со 2-1. Ќе потсетиме, Ќе потсетиме Струга вчера беше убедлива против Пелистер и славеше со 4-1.

ТАБЕЛА: Шкендија 56, Силекс 52, Работнички 49, Гостивар 44, Струга 42, Шкупи 33, Пелистер 29, Вардар 28, Беса 24, Тиквеш 22, Воска Спорт 22, Брера 21.