
Шкендија лани го продаде Рамадани на Динамо Киев, сега го врати на позајмица!
Рамадани пред една година замина од Тетово и се пресели во Киев, но за да има поголема минутажа ќе се врати во македонскиот тим и ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.
Договорот меѓу тимовите бил постигнат за време на пријателскиот меч во Анталија, кој заврши нерешено (1-1).
Рамадани оваа сезона за украинскиот тим настапи на три меча, односно одигра вкупно 39 минути.