Шкендија ја совлада Беса, Работнички со пресврт го доби Пелистер!

Денеска на програмата во ПМФЛ беа натпреварите од 28. коло, а во нив водечките екипи на табелата забележаа победи.

Екипата на Шкендија не започна баш најдобро против Беса, но на крајот сепак успеа да слави триумф од 2-3. По само 12 минути игра Селмани ја доведе Беса во водство, додека Шкендија го врати водството со голот на Ибраими во 23. минута. Пред крајот на полувреме Тамба се погрижи за целосен пресврт на тетовскиот клуб.

Во второто полувреме Селмани постигна и втор гол, сега за израмнување на 2-2. Сепак, Шкендија благодарение на Мерџани кои погоди во 80. минута дојде до трите бода.

Пелистер гостуваше во Скопје каде што на Арената играше против Работнички и на крајот загуби со 2-1.

Имаа гостите од Битола водство по 39 минути игра кога Ивановски се погрижи за предност на неговиот тим на полувреме. Во вториот дел на сцена стапи Гандо кој беше двоен стрелец во 65. и 88. минута за три бода на дебармаалци.

Силекс исто така запиша гостинска победа и тоа кај Шкупи во Чаир со 1-2, а Тиквеш освои важни бодови во битката за опстанок славејќи над Брера со 2-1.

Натпреварот помеѓу Воска и Вардар беше прекинат на 15-тина минути пред крајот откако домаќините го напуштија теренот.

ТАБЕЛА: Шкендија 62, Силекс 58, Работнички 52, Гостивар 48, Струга 46, Шкупи 33, Вардар 29, Пелистер 29, Тиквеш 26, Брера 24, Беса 24, Воска Спорт 22.