Шкендија ги дозна можните ривали за стартот од ЛШ, два се блиски, два ептен - далеку!

Македонскиот фудбалски шампион ги дозна имињата на потенцијалните ривали за воведното елиминациско коло од Лигата на шампионите, меѓу кои има две екипи од просторот на поранешна СФР Југославија, една од Северна Европа и една од Островото.

Словенечка Мура и босанскиот тим Бања Лука секако се посакуваните исходи од утрешната ждрепка, додека можни ривали се уште и велшки Конах Квеј и сигурно најмалку саканиот противник, фински Хелсинки, кој дефинитивно има најголем рејтинг.

Според начинот на извлекување, единствени тим од оваа четворка може да ѝ биде ривал на Шкендија, а дали првиот меч ќе се игра во Македонија или кај противникот дополнително ќе биде одредено.