
Сејдини забранил средба помеѓу Заев и репрезентативците!
Војната на ФФМ со премиерот уште повеќе се разгорува со оваа одлука на Сејдини да не дозволи средба на премиерот со фудбалерите, откако државната Агенција за млади и спорт (АМС) веќе подолго време е во војна со куќата на фудбалот околу усогласувањето на Статутот со Законот за спорт, нешто што неколкупати го посочи и Заев, дека мора да се усогласи „фудбалскиот устав“ со законите во земјава.
Премиерот денеска откри дека сепак ќе има средба во Владата на Македонија.
„Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но председателот на ФФМ, гопсподинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ке се сретнеме и веке ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите, кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател. Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите“, рекол премиерот Заев.
Сејдини во март годинава беше реизбран за претседател на ФФМ со нов черитигодишен мандат, откако во 2019 година седна на функцијата наследувајќи го претходниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, чија десна рака му беше како потпретседател на ФФМ од доаѓањето на поранешниот фудбалер и тренер на Македонија ЃП и Вардар во 2012 година.