Сејдини: Се прават притисоци врз клубовите за да нѐ бојкотираат – ги уценуваат со ваучерите!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини објави денеска на прес-конференција дека слушнал шпекулации за кои нема докази, дека македонските клубови од Прва и Втора лига се соочуваат со сериозни притисоци од државни институции за да влезат во битка за промени во куќата на фудбалот.

Сејдини објави дека врз клубовите наводно се прави притисок со уцени со ваучерите за да се потпишат клубовите во битката за превласт во ФФМ, а наводно шпекулациите кои ги чул оделе дотаму да е вклучен и премиерот Зоран Заев.

„Во текот на вчерашниот ден слушнав дека клубови се повикувани во институции да потпишуваат документи за бојкот, дека се уценувани со поделба на ваучерите. Шпекулациите одат дотаму што се споменува и премиерот Заев. Јас одбивам да верувам во такви нешта, додека не го прочитав соопштението на Агенцијата за млади и спорт, кое вчера беше објавено. Сето ова се шпекулации, ми се јавуваат многу загрижени, но јас немам докази за вакво нешто“, вели Сејдини